Друштво за управување со пакување и отпад од пакување

Заедно за почиста животна средина

Пакомак е непрофитна компанија што се занимава со селекција и преработка на отпад од амбалажи.

Целта на Пакомак е да го минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите и населението кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.

Рака фрла стаклено шише во зелен контејнер за стакло
Непрофитна компанија за управување со отпад од пакување
2011Од 10 јануари 2011 Пакомак е првата компанија во Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи.
100.000+ тотпад од пакување се создава во Македонија секоја година.
~60%од фрлениот материјал може повторно да се искористи ако правилно се селектира.
Селектирај иднина: син контејнер за хартија и тетрапак, зелен за стакло и жолт за пластика и лименки
Видови на отпад

Секоја амбалажа има своја боја

Сортирањето и селектирањето на отпадот почнува дома. Кога амбалажата е во вистинскиот контејнер, може да се рециклира и повторно да се искористи.

Сложен брановиден картонСтари весници
Син контејнер

Хартија и тетрапак

  • Картон
  • Весници
  • Тетрапак
  • Кутии за јајца
  • Хартиени чинии
Дознај повеќе
Стаклени шишиња одозгораСтаклени тегли
Зелен контејнер

Стакло

  • Стаклени шишиња
  • Тегли
  • Стаклена амбалажа
Дознај повеќе
Конзерви одозгораПластични шишиња
Жолт контејнер

Пластика, лименки и метал

  • PET шишиња
  • Пластични капачиња
  • Лименки
  • Конзерви
Дознај повеќе

Каде е најблискиот контејнер?

Најди ги сините, зелените и жолтите контејнери во твојата околина на мапата на Пакомак.