Повратни вендинг машини
Повратните вендинг машини, апликацијата Екомак, ваучерите и мапата на машините.
Инфо за вендинг машини
„Пакомак“ е првата македонска компанија што во Република Северна Македонија го воведува светскиот тренд во селектирањето – повратни вендинг машини за собирање пластични шишиња и лименки.
Идејата зад овој проект е да ги мотивираме
граѓаните да се вклучат активно во процесот на селекција на отпадот од пакување.
За таа цел, со селектирање пластична амбалажа или лименки во машините, граѓаните ќе имаат можност да собираат зелени поени со помош на бесплатната мобилна апликација на „Пакомак“ наречена „Ecomak“. За собирање зелени поени граѓаните пред користењето на машината ќе треба да го скенираат баркодот што се појавува на нивната мобилна апликација и по фрлањето на отпадот, ќе им бидат доделени зелени поени во зависност од количината фрлен отпад во машината. Секој корисник на мобилната апликација има свој личен баркод.
Зелените поени потоа може да бидат заменети со вредни придобивки и поволности како што се: ваучери за попусти во маркети и во други продажни објекти, попусти при плаќање јавни услуги и комунални трошоци, донации итн. Оваа листа на места каде што можат да се користат ваучерите секојдневно се проширува, а може да се види на самата мобилна апликација.
Во наредните неколку години „Пакомак“ планира да постави машини на целата територија на нашата држава со цел машините да бидат достапни за користење од стана на сите наши граѓани.
Со користењето на повратните вендинг машини покрај придобивките за населението, ќе се воспостави навика за постојана грижа за природата, ќе имаме поодговорни и еколошки совесни граѓани, што претставува клучна алка во развојот на свеста за заштита на животната средина во нашето општество.
Екомак апликација
Екомак е иновативен систем за селективно собирање отпад по пакување и анализа на дата за ПЕТ пластики и лименки.
ЕкоМак Систем – Екомак е прва македонска апликација чија цел е поттик на совесно рециклирање овозможувајќи им на корисниците да собираат поени и да ги користат поените во маркети како ваучери. Таа е дел од поголем екосистем каде корисникот ја користи апликацијата да се автентицира со вендинг машина и собере поени за отпадното шише.По најава во апликацијата се прикажува личниот баркод на корисникот. Истиот се појавува и при секое отварање на Екомак апликацијата. Овој баркод корисникот треба да го скенира на вендинг-машината секој пат пред нејзино користење и по фрлањето на отпадот. По употребата на вендинг машината на корисникот најдоцна за 24 часа ќе му бидат доделени зелени поени во зависност од количината селектиран отпад. Зелените поени може да се видат во апликацијата, додека оние кои се наоѓаат во горниот десен агол на апликацијата може да се заменат за ваучери (исто во самата апликација).
Корисникот може да ги замени собраните поени за достапен ваучер, во зависност од бројот на поени, од Веро или Тинекс маркетите:
- 20 поени – Ваучер од 10 денари од Веро Маркет
- 20 поени – Ваучер од 10 денари од Тинекс
- 100 поени – Ваучер од 50 денари од Тинекс
- 100 поени – Ваучер од 50 денари од Веро Маркет
- 200 поени – Ваучер од 100 денари од Тинекс
- 200 поени – Ваучер од 100 денари од Веро Маркет
- 400 поени – Ваучер од 200 денари од Тинекс
- 600 поени – Ваучер од 300 денари од Веро Маркет
За корисникот да купи ваучер – односно да замени поени, напрво избира ваучер и притиска плати/купи. По купувањето истиот може да го најде во делот купени.
За регистрација треба најпрво да се креира профил каде треба да се остави целосно име на корисникот, е-маил адреса и да се креира лозинка. По регистрација корисникот ќе добие е-маил со еднократен активациски код кој треба да го внесе во апликацијата за успешно да се најави, односно успешно да го креира својот профил.
Во мобилната аппликацијата, во делот ваучери, корисникот во секое време може да ги види достапните ваучери за замена на поените и оние кои се веќе купени.
За искористување на купените ваучери во маркет, корисникот од делот купени притиска на ваучерот кој сака да го искористи и на каса го приложува баркодот кој ќе се појави на апликацијата по притискање на копчето “искористи“.
Историјата на трансакции на корисникот му дава преглед на сите купени ваучери – влезни транскакции како и на искористени ваучери – односно излезни трансакции.
Преземи ја апликацијата на:
Инструкции за употреба
Пластичната амбалажа селектирајте ја со капачето насочено кон отворот на апаратот!
Инсталирај

Најавете се со вашиот кориснички профил, а доколку немате профил, регистрирајте се со внесување на вашите податоци.
Употреби
Отворете ја Екомак апликацијата. Во спротивно нема да се евидентираат зелените поени. На екранот на телефонот треба да се појави QR код.
Аплицирај
Доближете го телефонот со екранот свртен накај читачот на QR код што се наоѓа на апаратот.
Почекај
Откако екранот ќе покаже 100%, машината е спремна за следното фрлање на шишиња/лименки.Рециклирај
Кога ќе се слушне звук по читањето на кодот, шишињата / лименките се пуштаат во машината едно по едно. Препорачливо е да не се вади етикетата од пластичните шишиња. Машината е наменета само за пластични шишиња и за лименки.Избери услуга
По фрлање на шишињата или лименките, поените се евидентираат на апликацијата „Екомак“ и по одредено време корисникот може да избере која услуга сака да ја искористи со своите поени со купување ваучер за таа услуга преку мобилната апликација. Поените ќе бидат евидентирани на вашиот профил во рок од 24 часа.Видео
Погледнете како да ги користите повратните вендинг апарати.
Мапа на вендинг машини
Од листата со кликање на името на машината може да ја видите најблиската повратна вендинг машина до вас за рециклирање или со кликање на следниот линк МАПА
| БЕ1ДИМ1 - ДИМ БЕРОВО | МАРШАЛ ТИТО 4 | БЕРОВО |
| БЕ2СТ7 -СТОКОМАК БЕРОВО | КОЈОВА ЛИВАДА 1/1 | БЕРОВО |
| БТ2ТХ17 - ТИНЕКС БОЛНИЦА | АСНОМ ББ | БИТОЛА |
| БТ1В13 - В4БИТОЛА ЏАМБО | ИГЊАТ АТАНАСОВСКИ ББ | БИТОЛА |
| БТ3СТ7 - СТОКОМАК БИТОЛА | ПАРТИЗАНСКА ББ | БИТОЛА |
| БТ4КАМ7 - КАМ БИТОЛА 3 | РОКДАЈЛ БР 18 | БИТОЛА |
| КП1КАМ1 - КАМ КР.ПАЛАНКА | ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ ББ | КР. ПАЛАНКА |
| КУ2ЕЛ2 - ЕЛИДА 2 | ОКТ. РЕВОЛУЦИЈА 1/1 | КУМАНОВО |
| КУ1ЕЛ1 - ЕЛИДА1 | Х.ТОДОРОВСКИ КАРПОШ 97 | КУМАНОВО |
| МК1РУД1-РУДНИК САСА 1 | УЛ.РУДАРСКА БР 28 | МАК.КАМЕНИЦА |
| МК1РУД1-РУДНИК САСА 2 | УЛ.РУДАРСКА БР 28 | МАК.КАМЕНИЦА |
| ОХ1КАМ3 - КАМ ВИЛИЏ | 7- МИ НОЕМВРИ 179 | ОХРИД |
| ПП3КАМ6 -КАМ ПРИЛЕП 6 | НАСКОРО ЦАР САМОИЛ БР 28 | ПРИЛЕП |
| СК34РА2 - РАМСТОРЕ КАПИТОЛ | JANE SANDANSKI 71A | СКОПЈЕ |
| СК35РА3 - РАМСТОРЕ ВАРДАР | СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ 13 | СКОПЈЕ |
| СК33РА1 - РАМСТОРЕ ЛИСИЧЕ | ФЕВРУАРСКИ ПОХОД 28 | СКОПЈЕ |
| СК26СТ3 - СТОКОМАК ПЕТРОВЕЦ | УЛ.1 ББ | СКОПЈЕ |
| СК29СТ6 - СТОКОМАК НОВОСЕЛСКИ | ВОЛКОВСКА 3 | СКОПЈЕ |
| СК25СТ2 - СТОКОМАК УСЈЕ | БОРИС ТРАЈКОВСКИ БР 12 | СКОПЈЕ |
| СК27СТ4 - СТОКОМАК ДРАЧЕВО | ЖИВКО ФИРТОВ 4 | СКОПЈЕ |
| СК28СТ5 - СТОКОМАК ЧАИР | КЕМАЛ СЕЈФУЛА 4 | СКОПЈЕ |
| СК24СТ1 - СТОКОМАК МЛЕЧЕН | АНКАРСКА | СКОПЈЕ |
| СК30ТХ16 - ТИНЕКС СТАРА ТВ | НИКОЛА ПАРАПУНОВ 27 | СКОПЈЕ |
| СК9ТХ1 -ТИНЕКС ЃОРЧЕ | ЃОРЧЕ ПЕТРОВ БР 22 | СКОПЈЕ |
| СК10ТХ2 -ТИНЕКС ЗЕБРА | ВАСИЛ ЃОРГОВ БР 16 | СКОПЈЕ |
| СК12ТХ4 - ТИНЕКС ПРВОМАЈСКА | БОРИС ТРАЈКОВСКИ БР 66 | СКОПЈЕ |
| СК13ТХ5 - ТИНЕКС ЛИСА | В.СМИЛЕВСКИ БАТО БР 7 | СКОПЈЕ |
| СК14ТХ6 - ТИНЕКС ЛИСА | В.СМИЛЕВСКИ БАТО БР 8 | СКОПЈЕ |
| СК15ТХ7 - ТИНЕКС РАДЕ КОНЧАР | 3-ТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА БР 56 | СКОПЈЕ |
| СК19ТХ11 - ТИНЕКС ПРАШКА | ПРАШКА БР 15 | СКОПЈЕ |
| СК22ТХ14 -ТИНЕКС ЈУЖЕН БУЛЕВАР | СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ БР 1 | СКОПЈЕ |
| СК21ТХ13 - ТИНЕКС КАРПОШ 3 | НИКОЛА РУСИНСКИ БР 17 | СКОПЈЕ |
| СК18ТХ10 - ТИНЕКС ЗЛОКУЌАНИ | СКУПИ БР 28 | СКОПЈЕ |
| СК23ТХ15 - ТИНЕКС КИСЕЛА ВОДА 1 | БОРИС ТРАЈКОВСКИ 56 | СКОПЈЕ |
| СК32ТХ18 - ТИНЕКС РАДЕ КОНЧАР 2 | ТРЕТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА | СКОПЈЕ |
| СК1В9-ВЕРО ЦЕНТАР ЏАМБО | БУЛ. КОЧО РАЦИН 1 | СКОПЈЕ |
| СК2В2 - ВЕРО ТАФТАЛИЏЕ 1 | М. ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ 76 | СКОПЈЕ |
| СК3В2 - ВЕРО ТАФТАЛИЏЕ 2 | М. ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ 76 | СКОПЈЕ |
| СК4В1 - ВЕРО АЕРОДРОМ | ЈАНЕ САНДАНСКИ БР 111 | СКОПЈЕ |
| СК5В8 -ВЕРО ЧАИР | ЏОН КЕНЕДИ БР 1 | СКОПЈЕ |
| СК6В10 -ВЕРО КИСЕЛА ВОДА | БОРИС ТРАЈКОВСКИ БР 13 | СКОПЈЕ |
| СК31В14 -ВЕРО ЦЕНТАР ЏАМБО 2 | КОЧО РАЦИН 1 | СКОПЈЕ |
| СК7В5 - ВЕРО АМСМ | М. ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ 51 | СКОПЈЕ |
| СК8В12 - ВЕРО СИТИ МОЛ | МАНАПО 3 | СКОПЈЕ |
| СК11ТХ3 - ТИНЕКС ДРАМСКИ | ШЕКСПИРОВА 6 | СКОПЈЕ |
| СК16КАМ5 - КАМ МОЛ СКОПЈЕ | ГОРЧЕ ПЕТРОВ 18 | СКОПЈЕ |
| СУ1КАМ4 -КАМ ГЕНЗ | МАРШАЛ ТИТО ББ | СТРУГА |
| СУ2МИСА1 -МИСА МАРКЕТИ СТРУГА | ЕЛПИДА КАРАМАНДИ | СТРУГА |
| SR1OPS1 - KAM MARKET 3 STRUMICA | Климент Охридски 35 | СТРУМИЦА |
| СР4ТХ17 - ТИНЕКС РЕТАИЛ ПАРКС | КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ 57 | СТРУМИЦА |
| МАРШАЛ ТИТО 142 | СТРУМИЦА | |
| ТЕ1В3 - ВЕРО ТЕТОВО | В. СМИЛЕВСКИ БАТО БР 7 | ТЕТОВО |
| ТЕ2В11 - ВЕРО ЏАМБО ТЕТОВО | УЛ.113 БР 13 | ТЕТОВО |
| ШТ2СТ9 - СТОКОМАК ЖЕЛЕЗНИЧКА | ЖЕЛЕЗНИЧКА 24 | ШТИП |
| ТЕ3КИПЕР3 - КИПЕР ИЛИНДЕНСКА | ИЛИНДЕНСКА БР 1 | ТЕТОВО |
| РЕ1КАМ22 - КАМ РЕСЕН | ЛЕНИНОВА 25 ББ | РЕСЕН |
| БТ5АМ1 - АНГРОМАРКЕТ МАКСИ | ХРИСТО ТАТАРЧЕВ 1 | БИТОЛА |
| ПП4ТХ9 - ТИНЕКС ПРИЛЕП | БОРКА ТАЛЕСКИ ББ(НА ПЛОЧНИК) | ПРИЛЕП |
| КУ4КАМ21 - КАМ КУМАНОВО | УЛ. 7 БР 32 | КУМАНОВО |
| СК39КАМ18 - КАМ ПОИНТ РЕТАИЛ ЧАИР | МАКЕДОНСКО КОСОВСКА БРИГАДА БР 67 | СКОПЈЕ |
| ПСКАМ17 - КАМ ПРОБИШТИП | ЈОРДАН СТОЈАНОВ БР 2 | ПРОБИШТИП |
| РА1КАМ16 - КАМ РАДОВИШ | АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ 34А | РАДОВИШ |
| СК38КАМ15 - КАМ ГАРДЕН ИН | УЛ. 1660 БР 2 | СКОПЈЕ |
| КА1КАМ20 - КАМ КАВАДАРЦИ | ОХРИДСКА 1 | КАВАДАРЦИ |
| ГЕ1КАМ19 - КАМ ГЕВГЕЛИЈА | ИНДУСТРИКА БР 18 | ГЕВГЕЛИЈА |
| СК2КАМ12 - КАМ ИЛИНДЕН | УЛ. 543 БР 23 МРАЛИНО | СКОПЈЕ |
| СК37КАМ11 - КАМ НОВО ЛИСИЧЕ 2 | ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО ББ | СКОПЈЕ |
| СК20КАМ10 - КАМ ДРАЧЕВО 2 | ЈУСТИНИЈАН ПРВИ 1-А | СКОПЈЕ |
| СК17КАМ9 - КАМ ЦЕНТАР ЦВЕТЕН | СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ БР 3 | СКОПЈЕ |
| СК11КАМ8 - КАМ КОЗЛЕ | КОЗЛЕ 53 | СКОПЈЕ |
| КУ3ЕЛ3 - ЕЛИДА МАРКЕТ 33 | ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ БР 115 (КОМПЛЕКС БЕЛА) | КУМАНОВО |
| КО1СТ1 - СТОКОМАК КОЧАНИ | ТЕОДОСИЕ ПАУНОВ (29-ТИ НОЕМВРИ) 34 | КОЧАНИ |
| ОХ2ТХ12 - ТИНЕКС ОХРИД 2 | НИКОЛА КАРЕВ 46 | ОХРИД |
| ПП1ФУТ1 - ФУТУРА 24 | ПЕЦЕ РИСТЕСКИ 14 | ПРИЛЕП |
| ПП2ФУТ2 - ФУТУРА 17 | КОРАБ | ПРИЛЕП |
| ШТ3КИППЕР2 - КИППЕР СИТИ МОЛ ШТИП | БРЕГАЛНИЧКА | ШТИП |
| ШТ1КИППЕР1 - КИППЕР1 (АНЃЕЛ КАФЕ) | ПАРТИЗАНСКА 1 | ШТИП |
| SK43KIPPER6 -KIPPER VUCHKO | VLADIMIR KOMAROV 30 | СКОПЈЕ |
| SK44KIPPER7 -KIPPER CHAIR 091 | GEORGI POP HRISTOV | СКОПЈЕ |
| KA3MЕ2 - MIN - EKS MARKETI 12 | GJORGI SOKOLOV 5 | СКОПЈЕ |
| KA2MЕ1 - MIN - EKS MARKETI 9 | CVETAN DIMOV 9 | СКОПЈЕ |
| VI1MP1 - MAKPROGRES | MARSHAL TITO | ВИНИЦА |
| GV3ELKOS2 -ELKOS GOSTIVAR | JNA 318 | ГОСТИВАР |
| ST4ELKOS1 - ELKOS SHTIP | BORIS KRAJGER BR 2 | ШТИП |
| KI2ATVA2 - ATVA MARKET 10 | 11 SEPTEMVRI | КИЧЕВО |
| SN1ST8 - STOKOMAK SV.NIKOLE | SEPTEMVRISKA BB | СВ.НИКОЛЕ |
| OH3KIPPER5 -KIPPER OHRID 079 | GOCE DELCHEV 36A | ОХРИД |
| DE1KAM24 -KAM DELCHEVO | MAKEDONIJA 6 | ДЕЛЧЕВО |
| SU3LAB1 - OU MURAT LABUNISHTI | S.LABUNISHTA | СТРУГА |
| GV2MNEGRO1 - MONTENEGRO | BORIS KIDRIC 245 | ГОСТИВАР |
| BT6AM2 -ANGROMARKET SUPERMARKET | UL 506 | БИТОЛА |
| VI2KAM25 -KAM VINICA | MARSHAL TITO 110 | ВИНИЦА |
| KI1ATVA1 - ATVA HIPERMARKET 2 | INDUSTRISKA BB | КИЧЕВО |
| VE3ZITO2 - ZITO VANE | BLAGOJ GJOREV 166 | ВЕЛЕС |
| SK42KIPPER4 - KIPPER MADZARI | BLAGOJA STEFKOVSKI 16A | СКОПЈЕ |
| GE2TX8 - TINEX GEVGELIJA | VASIL GLAVINOV 4 | ГЕВГЕЛИЈА |
| NE1KAM26 -KAM NEGOTINO | PARTIZANSKA 29 | НЕГОТИНО |
| VE1ZITO1 - ZITO VELES CENTAR | ANGEL MISHEV 46 | ВЕЛЕС |
Ваучери
Со новите повратни вендинг машини, граѓаните ќе можат да го одложуваат амбалажниот отпад, а за возврат да добиваат „зелени поени“ за купување производи од сите национални ланци на маркети, но и од некои локални. Во иднина очекуваме поените да се користат и за плаќање на општински и јавни услуги. Главната цел на овие вендинг машини е зголемување на можноста за селективно одложување на отпадот, посебно во урбаните средини.
Граѓаните ќе ја добиваат реалната вредност на материјалот што го селектираат, односно пазарната вредност. Ако цената на пластиката и лименките расте, тогаш и поенот ќе биде повисок.
Преземи апликација
Апликацијата за да ги собирате зелените поени како бенефит од користењето на вендинг машините можете да ја преземете на:
App store
Google play
Корисни информации за машините
Информации и практични совети за машините
- Проблем со најава на повратните вендинг машини со персоналниот баркод број од нашата апликација
Обично проблем со најавата односно читање на баркод бројот од апликацијата, од страна на машината е поради недоволна осветленост на екранот на телефонот која треба да биде барем 70-80 % од максимумот што може да го одберете (осветлите екранот, дисплејот) на телефонот.Тоа е обично поради заштитините фолии кој ги има телефонот на екранот. Ако и после инструкциите имате проблем слободно контактирајте не на тел 02/2044567 лок 2.
Активирање на машината за рециклирање
Само овие доленаведените два случаи машината може да се отклучи за рециклирање со доделување или без доделување на поени.
1. Процедура за правилно регистрирање на поените и нивно префрлање во апликацијата
За да може да ви се регистрираат поените единствено е можно кога со баркод бројот кој го имате од нашатата мобилна апликација се пријавите на машината. Со пријавата машината се отклучува и на екранот пишува добредојдовте и вашиот баркод со што продолжувате да рециклирате. Кога ќе завршите со рециклирање машината се заклучува и поените што ги имате на екранот на машината од процесот на рециклирање се префрлаат автоматски во вашата мобилна апликација.
2. Процедура за рециклирање без добивање на поени
За да рециклирате без да добиете поени, без да се регистрирате со мобилниот телефон на машината, треба да го одберете зелениот таб на мониторот на машината каде што пишува дека рециклирате без да добиете поени. Потоа машинатасе отклучува, рециклирате и тие поени не се регистрираат.
Процедура за реализација на вредносен ваучер се состои од два дела купување и искористување на ваучер
Купување ваучер
Процедурата за реализација на ваучерите започнува во Пакомак екомак апликацијата со кликање на ТАБ "Ваучери" - "Достапни" каде купувате ваучер ( за кој маркет или онлајн продавница сакате да пазарувате) со кликање на ТАБ " ПЛАТИ".Потоа ве прашуваме за потврда дали сакате да го купите ваучерот. Ако изберете ''ДА", добивате информација дека имате 24 часа да го искористите ваучерот (во маркетот или онлајн продавницата за каде што е наменет) и соодветно ви се намалуваат поени за вредноста на ваучерот. Постапката може неколку пати да ја повотрите ако сакате да купите повеќе ваучери.
Искористување ваучер
Процедурата за искористување на купените ваучери е кога во Пакомак екомак апликацијата во ТАБ "Купени" каде што се наоѓаат веќе купените ваучери, кликате на ваучерот што го имате и во долниот дел со кликање на ТАБ ''Искористи'' се појавува баркод бројот на ваучерот. При купување на каса се покажува баркодот на ваучерот (еден по еден, ако имате повеќе ваучери). Баркодот со баркод читач или рачно го евидентираат касиерките со што ви се намалува сметката соодветно на вредноста на ваучерот. Сите ваучери може само еднаш да се искористат.
Почитувани корисници, сакаме да напоменеме дека многу е ВАЖНО вие да ги купите ваучерите преку мобилната апликација и да ги покажете на каса во маркетите со цел да ги искористите. Не треба да очекувате вработените во маркетот да го направат овој процес за вас бидејки не секогаш се запознаени со нашата мобилна апликација што вие ја имате инсталирано и ја користите.
Упатство за одржување на ПВМ на Пакомак
Почитувани соработници, за полесно и поефикасно одржување на повратните вендинг машини во прилог ви е дадено упаство за правилно одржување на машините Томра , во кое се објаснети чекорите за одржување за да може поефикасно да бидат во функција
